Медицинска помош од ТИКА на Авганистан

ТИКА сака да продолжи со испраќањето помош и во претстојниот период

1417534
Медицинска помош од ТИКА на Авганистан

Турската агенција за соработка и координација (ТИКА) во рамките на борбата против новиот тип на коронавирусот (Ковид-19) на Авганистан и испрати медицинска помош од апарати и опрема.

Заменик авганистанскиот министер за здравство Вахид Меџрух во говорот што го одржа ма примопредавањето на помошта изрази бескрајна балгодарност на Турција по повод испратената помош во овие тешки денови низ кои поминува неговата земја.

Зухту Чал, координаторот на канцеларијата на ТИКА во Кабул во говорот во оваа прилика изрази големото задоволство од испраќањето на медицинските уреди и опрема која се состои од вентилатори (респиратори), уреди за електронско-медицинска контрола на пациентот, термометри, што ја испратија во првата етапа.

ТИКА сака да продолжи со испраќањето помош и во претстојниот период, подвлече Чал.



Слични вести