Благодарност од САД до Турција за доставената медицинска помош во борбата против Ковид-19

Федералната агенција за управување со вонредни состојби (FEMA) на САД и се заблагодари на Турција за доставената помош во медицински материјали во борбата против новиот тип коронавирус (Ковид-19)

1417158
Благодарност од САД до Турција за доставената медицинска помош во борбата против Ковид-19

Претседателот на Федералната агенција за управување со вонредни состојби (FEMA) на САД Пит Гајнор во споделената објава на својот профил на социјалната мрежа Твитер се заблагодари за испратената помош во медицински материјали од страна на Турција на неговата земја во борбата против новиот тип коронавирус (Ковид-19).

Гајнор во својата објава напиша: „И благодариме на Турција за помошта во 500 штитници за лице, 1.500 заштитни наочари, 497.900 маски и 69.330 комбинезони. Овие материјали ќе бидат раздадени во третата зона на FEMA (која ги опфаќа Вашингтон DC, Делавар, Мериленд, Пенсилванија! Вирџинија и Западна Вирџинија).“

Откако Амбасадата на Турција во Вашингтон го сподели твитот на претседателот на Федералната агенција за управување со вонредни состојби (FEMA) Пит Гајнор, и од официјалниот профил на FEMA на социјалната мрежа Твитер беше споделена пораката на турски јазик „Многу благодариме!“ („Çok teşekkür ederiz!“)

Федералната агенција за управување со вонредни состојби (FEMA) заедно со објавата сподели и фотографии со раздадените медицински материјали. 

Инаку, Турција на 29 април и 2 мај со два воени карго авиони и достави медицинска помош на Соединетите Американски Држави (САД).



Слични вести