Варанк: „Во јуни ќе биде готов турскиот иновативен тестер за рано утврдување на Ковид-19“

Во јуни ќе имаме една радосна вест за синтезата на еден лек со домашни лекови во рамките на еден од наведените проекти

1416686
Варанк: „Во јуни ќе биде готов турскиот иновативен тестер за рано утврдување на Ковид-19“

Министерот за индустрија и технологија Мустафа Варанк рече дека „во Турција е усовршен иновативен тестер за рано утврдување на новиот тип на коронавирусот (Ковид-19) и во јуни се очекува да заврши прототипот на тестерот.

Во говорото на „Виртуелната конференција за моќта за дијагностицирање на Турција“ што беше одржан под покровителство на Турската платформа за Ковид-19, министерот Варанк потсети дека со активностите за откривање на вакцината и лековите за Ковид-19, почнаа уште пред вирусот да пристигне во Турција.

Во тие рамки се состанавме со врвните академици на земјата и ја определивме патната карта. Денес успешно продолжуваат 17 проекти на тоа поле. 8 од нив се насочени за откривање на вакцината и до крајот на годината предвидуваме да започнат предклиничките процеси.

За откривање на лекот продолжуваат 9 различни проекти во сферата на хемиската и биотехнологијата

Во јуни ќе имаме една радосна вест за синтезата на еден лек со домашни лекови во рамките на еден од наведените проекти“ рече министерот Варанк.



Слични вести