Турција испрати помош на Јемен

Турската Црвена полумесечина започна кампања за испраќање хуманитарна и помош во храна на околу 500 лица со посебни потреби

1416417
Турција испрати помош на Јемен

Турската Црвена полумесечина започна кампања за испраќање хуманитарна и помош во храна на околу 500 лица со посебни потреби коишто останаа заточени во 4 градови на Јемен.

Во рамките на кампањата што беше организирана во заедничка соработка со Здружението за помош Истиџабе, најпрвин беа распределени пакетите за храна во населеното место Ел Муала во Аден.

Претседателот на делегацијата на Црвената полумесечина во Јемен Мустафа Ајдин рече дека кампањата е наменета за лицата со посебни потреби кои останале хендикепирани поради војната во Аден, Хадрамевт, Мариб и Таиз.

Ајдин рече Турција помошта ја распределува во рамките на желбата за намалување на тагата на Јеменците во месецот на постот на Рамазан.

Турската Црвена полумесечина во текот на целиот месец на пост Рамазан планира да распредели 14 илјади пакети храна. На 5 мај беа распределни 500, на 6 мај 2 400 пакети храна.

Според ОН, Во Јемен се доживува една од најголемата човечка криза, поради што над 22 милиони лица имаат потреба за хуманитарна помош и заштита.



Слични вести