Министерот Фахреттин Коџа: Доколку го ставиме под контрола социјалниот живот ќе видиме убави денови

Министерот за здравство Фахреттин Коџа истакна дека во сегашни услови епидемијата е ставена под контрола и дека доколку го ставиме под контрола социјалниот живот ќе видиме убави денови

1416809
Министерот Фахреттин Коџа: Доколку го ставиме под контрола социјалниот живот ќе видиме убави денови
koronavirus Turkiye.jpg
kovid turkiye.jpg
Turkiye koronavirus (1).jpg
kovid turkiye.jpg
kovid turkiye.jpg
Turkiye korona.jpg
koronavirus hasta.jpg
Türkiyenin koronavirüsle başarılı mücadelesi.jpg
türk hemşire korona.jpg
Turkiye koronavirus.jpg

Успехот што го бележи Турција во борбата против новиот тип коронавирус (Ковид-19), продолжува со опаѓање во бројот на смртните случаи и на случаите на зараза од вирусот.

Бројот на починатите од Ковид-19 во Турција во изминатите 24 часа изнесува 58 лица, со што вкупниот број на смртни случаи достигна до 3.952.

Во последното деноноќие се направени 33.332 теста од кои се дијагностицирани 1.639 новозаразени.

Вкупниот број на регистрирани случаи на зараза од коронавирусот изнесува 143.114 лице.

Заедно со уште 2.826 излекувани и отпуштени од болница во изминатите 24 часа, вкупниот број на оздравени пациенти кои досега ја победија болеста во Турција се зголеми на 101.715 лица.

Од друга страна, министерот за здравство Фахреттин Коџа истакна дека во сегашни услови епидемијата е ставена под контрола.

Фахреттин Коџа по одржаниот состанок со Научниот совет го рече следното: „Епидемијата ја ставивме под контрола. Доколку го ставиме под контрола нашиот социјален живот ќе видиме убави денови.“



Слични вести