Фатен терорист од списокот на барани терористи во категоријата означена со портокалова боја

Во руралното подрачје на населеното место Лиџе кај градот Дијарбакир е убиен еден терорист, а е фатен еден терорист од списокот на барани терористи во категоријата означена со портокалова боја по кого е распишана награда од 1 милион турски лири

1416765
Фатен терорист од списокот на барани терористи во категоријата означена со портокалова боја

За време на реализирана операција против сепаратистичко-терористичката организцаија ПКК кај градот Дијарбакир е убиен еден терорист, а е фатен жив еден терорист од списокот на барани терористи во категоријата означена со портокалова боја.

Според објавеното соопштение од Министерството за внатрешни работи, во рамките на операциите за воспоставување на внатрешната безбедност за време на реализираната операција од страна на тимовите за специјални операции во руралното подрачје на населеното место Лиџе кај градот Дијарбакир дојде до вооружена престрелка со терористите.

Притоа е убиен еден терорист, а еден терорист е фатен жив.

Како што е установено, фатениот терорист бил Т.К. под кодно име Хеба Роди таканаречен одговорен за теренот Серхабун Лиџе на организацијата, кој се наоѓал на списокот на барани терористи во категоријата означена со портокалова боја по кого е распишана награда од 1 милион турски лири.

Операциите во подрачјето продолжуваат.



Слични вести