Претседателот Ердоган: Заедно, 83 милиони успешно ја продолжуваме борбата против глобалната епидемија на коронавирусот

Претседателот Ердоган истакна дека во Турција заедно со сите 83 милиони граѓани успешно продолжува да се води борба против глобалната епидемија на новиот тип коронавирус (Ковид-19)

1415570
Претседателот Ердоган: Заедно, 83 милиони успешно ја продолжуваме борбата против глобалната епидемија на коронавирусот

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган на својот профил на социјалната мрежа Твитер сподели објава во врска со борбата против новиот тип коронавирус (Ковид-19). 

Претседателот Ердоган истакна дека во Турција продолжува да се води успешна борбата против Ковид-19.

Ердоган во својата објава напиша: „Заедно 83 милиони успешно ја продолжуваме борбата против глобалната епидемија на коронавирусот. Решени сме да ги унапредиме, развиеме и зајакнеме нашиот народ и нашата земја, без притоа да отстапиме од нашите чувствителности во врска со здравјето.“

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган во оваа своја објава сподели и визуелен приказ со донесените одлуки на вчерашниот состанок на претседателскиот кабинет и поддршката којашто ќе им биде доставена на граѓаните во рамките на борбата против новиот тип коронавирус (Ковид-19).



Слични вести