Претседателот Ердоган: Мораме да продолжиме да бидеме будни се додека не се искорени коронавирусот

Претседателот Ердоган во врска со глобалната епидемија на новиот тип коронавирус (Ковид-19) го рече следното : „Успешно ја продолжуваме нашата борба против епидемијата. Мораме да продолжиме да бидеме будни се додека не се искорени оваа болест во светот“

1415917
Претседателот Ердоган: Мораме да продолжиме да бидеме будни се додека не се искорени коронавирусот

Централниот извршен совет (МЈК) на владејачката Партија за правда и развој АКП (АК Партијата) се состана под претседателство на претседателот на АК Партијата и претседател на државата Реџеп Тајјип Ердоган.

Согласно мерките против глобалната епидемија на новиот тип коронавирус (Ковид-19) состанокот се одржа преку видеоконференција.

Претседателот Ердоган во говорот што го одржа овде истакна дека по периодот на глобалната епидемија на Ковид-19 и умовите ќе влезат во процес на реконструкција.

Ердоган рече: „Успешно ја продолжуваме нашата борба против епидемијата. Се движиме во позитивна линија од аспект на бројот на новозаразени, бројот на починати и бројот на пациенти на интензивна нега и приклучени на апарат за дишење.“ 

Велејќи „Мораме да продолжиме да бидеме будни се додека не се искорени оваа болест во светот (коронавирусот)“, претседателот Реџеп Тајјип Ердоган го додаде следното: „По епидемијата, и умовите ќе влезат во процес на реконструкција, а не само глобалните политички и економски односи.“



Слични вести