Мевлут Чавушоглу: Од Ковид-19 во странство починаа 507 турски државјани

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу информира дека бројот на турските државјани кои живеат во странство и починаа од новиот тип коронавирус (Кобид-19) изнесува 507 лица

1415970
Мевлут Чавушоглу: Од Ковид-19 во странство починаа 507 турски државјани

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу одговараше на прашањата на еден приватен телевизиски канал кадешто во врска со реализираните евакуации поради глобалната епидемија на Ковид-19 и состојбата на турските граѓани во странство.

Чавушоглу информира дека бројот на турските државјани кои живеат во странство и починаа од новиот тип коронавирус (Кобид-19) изнесува 507 лица.

„Во странство живеат приближно 7 милиони наши државјани. Заклучно со денеска починаа 507 наши државјани.“ - рече Мевлут Чавушоглу.

Тој воедно информира дека продолжува лекувањето во болници во различни земји на приближно 500 турски граѓани кои се заболени од новиот тип коронавирус (Ковид-19) во странство и појасни дека во земјите во кои се наоѓаат турски дипломатско-конзуларни претставништва и мисии постојано се води грижа за граѓаните кои се наоѓаат на лекување. 

Велејќи дека продолжува и евакуацијата на турските граѓани кои се наоѓаат во странство и сакаат да се вратат во Турција, Чавушоглу рече: „Во нашата земја донесовме повеќе од 65 илјади наши државјани од 110 земји.“

Турција освен тоа што ги обезбедува своите сопствени потреби им доставува поддршка и на другите земји, рече Чавушоглу и напомена дека во тие рамки се задоволени барањата на значаен дел од 79 земји во светот.

„Не доставивме барање за неповратна помош (донација) до ниту една земја, а немавме и потреба од тоа.“ - додаде министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу.

 



Слични вести