Алтун: Здравствените работници во Турција со успехот во борбата против Ковид-19 служат за пример во светот

Шефот на одделот за комуникации во претседателскиот кабинет Фахреттин Алтун истакна дека здравствените работници во Турција со самопожртвуваноста и успехот во борбата против Ковид-19 претставуваат пример за светот

1415797
Алтун: Здравствените работници во Турција со успехот во борбата против Ковид-19 служат за пример во светот

Шефот на одделот за комуникации во претседателскиот кабинет Фахреттин Алтун на својот профил на социјалната мрежа Твитер сподели видео со пораки на здравствените работници кои учествуваат во борбата против новиот тип коронавирус (Ковис-19) во Градската болница проф д-р Џемил Ташчиоглу и Болницата на обука и истражување Султангази Хасеки во Истанбул и пациентите кои се наоѓаат на лекување во овие болници.

Алтун истакна дека здравствените работници во Турција со самопожртвуваноста и успехот во борбата против Ковид-19 претставуваат пример за светот.

„Со визијата и лидерството на нашиот претседател (Реџеп Тајјип Ердоган) денеска уште подобро го сфаќаме значењето на инвестирањето во нашиот здравствен систем. Нашите здравствени работници пак, со самопожртвуваноста и успесите стануваат пример за светот. Водиме една многу успешна борба. меѓутоа, нашата борба се уште не заврши.“ - напиша Алтун во својата објава.

Во споделеното видео се гледа како проф. д-р Хакан Ѓурбуз, главниот лекар на Градската болница проф. д-р Џемил Ташчиоглу раскажува дека првите подготовки против епидмеијата се започнати на 4 март и информира во врска со работите коишто се реализираат. 

Проф. д-р Хакан Ѓурбуз вели: „Ова е болница со 1.550 кревети. Се соочивме со една голема државна поддршка така што за една ноќ беа обезбедени материјали за одделение за интензивна нега со 181 кревет, а потоа не се соочивме со ниту еден проблем во обезбедување на материјали.“

Во видеото, исто така и пациентите на лекување од Ковид-19 и нивните блиски истакнуваат дека им се пружа многу добра нега поради што им се заблагодаруваат на здравствените работници.



Слични вести