Турција ќе и донира медицинска помош на Палестина за борба против Ковид-19
Согласно потпишаниот договор на 14 април во Анкара Турција ќе и достави неповратна помош на Палестина во процесот за борба на оваа земја против едидемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19)

Турција ќе и донира медицинска помош на Палестина во процесот за борба на оваа земја против едидемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19).
Во повторениот број на Службениот весник е објавена одлуката во врска со одобрувањето на договорот помеѓу Владата на Република Турција и Владата на државата Палестина за доставување на неповратна помош во сферата на здравството, којшто беше потпишан на 14 април во Анкара.
Според тоа, Турција ќе и донира помош на Палестина составена од 40 илјади комплети за тестирање PCR, 4 апарати PCR, 100 илјади маски N95, 40 илјади заштитна облека, 100 илјади пара ракавици, 2 илјади маски за кислород (небулизатори или инхалатори), 20 илјади носни канила, 2 тони средства за дезинфекција на раце и 20 илјади заштитни наочари.
Слични вести

Борбата на Турција против Ковид-19 во изминатите 24 часа: Починаа 167 лица, регистрирани се 6.818 позитивни случаи
