Турција испрати хуманитарна помош на илјада семејства во Гвинеја

Повеќето од жителите на Гвинеја кои приходите ги обезбедуваат од продажба на домашните јадења, поради вирусот не можат да излезат од домовите

1415124
Турција испрати хуманитарна помош на илјада семејства во Гвинеја

Турција во рамките на рамазанските активности, на илјада семејства во Гвинеја кои беа изложени на неповолното влијание на новиот тип на коронавирусот (Ковид-19) им испрати хуманитарна помош.

Во соопштението кое беше објавено од страна на Турската агенција за соработка и координација (ТИКА), досега во епидемијата се утврдеи над 2 илјада заразени лица, од кои 11 лица ги загубија животите. Повеќето од жителите на Гвинеја кои приходите ги обезбедуваат од продажба на домашните јадења, поради вирусот не можат да излезат од домовите.

Затоа, на илјада домаќинства меѓу чии членови се наоѓаат лица со посебни потреби, сирачиња и сиромашни семејства, од страна на ТИКА беа распределени хуманитарни пакети храна кои се состојат од 25 кг ориз, 5 литри масло, 10 кг шеќер и 200 грама чај.



Слични вести