Продолжува процесот на распаѓање во редовите на сепаратистичко-терористичката организација ПКК

Како резултат на активностите за убедување коишто се водат од страна на полицијата и жандармеријата и со поддршка на семејствата, еден терорист на сепаратистичко-терористичката организација ПКК им се предаде на безбедносните сили во Нусајбин кај Мардин

1415062
Продолжува процесот на распаѓање во редовите на сепаратистичко-терористичката организација ПКК

Како резултат на активностите за убедување во населеното место Нусајбин кај градот Мардин се предаде еден терорист на сепаратистичко-терористичката организација ПКК.

Според објавеното соопштение од Министерството за внатрешни работи, како резултат на активностите за убедување коишто се водат од страна на полицијата и жандармеријата и со поддршка на семејствата, продолжува процесот на распаѓање во редовите на сепаратистичко-терористичката организација.

Во тие рамки, на безбедносните сили во населеното место Нусајбин кај градот Мардин им се предаде еден член на организацијата по име Р.Г. кој во 2014 година се приклучил кон руралното структуирање на ПКК и делувал во склопот на сирискиот огранок на сепаратистичко-терористичката организација.

На тој начин бројот на терористите кои се предадоа по пат на убедување во текот на оваа година од 1 јануари досега се зголеми на 76 лица.



Слични вести