Претседателот Ердоган: Продолжува да опаѓа бројот на новите случаи на зараза и починатите од Ковид-19

Претседателот Ердоган рече: „Постепено се намалува бројот на нашите нови случаи на зараза, починатите и на нашите заболени кои се наоѓаат на интензивна нега и се приклучени на апарати за дишење“

1415257
Претседателот Ердоган: Продолжува да опаѓа бројот на новите случаи на зараза и починатите од Ковид-19

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган по состанокот со својот претседателски кабинет што се одржа преку видео конференција се појави пред камерите и истакна дека вродија со успех преземените мерки против епидемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19).

Ердоган рече: „Постепено се намалува бројот на нашите нови случаи на зараза, починатите и на нашите заболени кои се наоѓаат на интензивна нега и се приклучени на апарати за дишење.“

Тој нагласи дека успехот на Турција во управувањето со кризата со епидемијата го привлече вниманието на сите на чело со научниците.

Велејќи „Им излегуваме во пресрет на нашите стари. Им го посветуваме секој вид внимание на нашите над 27 илјади стари кои живеат во домовите за старци во државна сопственост.“ - претседателот Ердоган уште еднаш упати повик за придржување кон личните мерки за заштита од епидемијата.

Ердоган нагласи дека не се враќаме целосно кон деновите како што живеевме порано и дека само се настојува да се олесни уште малку животот во услови на епидемија, воедно го рече следното: „Сме во состојба да го продолжиме нашиот живот според мерките коишто во текот на еден долг период ќе не заштитат од заканата од епидемијата.“ 

Претседателот Ердоган сподели информација и во врска со материјалната поддршка којашто во процесот на епидемијата им е обезбедена на различни сектори и напомена дека во новиот глобален поредок што ќе се формира отсега, Турција сигурно ќе го заземе своето место коешто со право го заслужува. 

Тој исто така информира дека болницата којашто се гради во Истанбул (во Санџактепе) за борба против епидемијата на Ковид-19 ќе биде отворена на 21 мај со учество на јапонскиот премиер Шинзо Абе. 

„До секој наш граѓанин одделно ја доставувам мојата благодарност за трпеливоста и пожртвуваноста што ги покажаа придржувајќи се кон правилата.“ - додаде претседателот Реџеп Тајјип Ердоган.



Слични вести