Денес под претседателство на претседателот Ердоган ќе се одржи состанок на кабинетот

Борбата против Ковид-19 и и мерките кои се планира да се преземат и натаму најзначајна тема на состанокот

1414811
Денес под претседателство на претседателот Ердоган ќе се одржи состанок на кабинетот

Денес под претседателство на претседателот Реџеп Тајип Ердоган ќе се одржи состанок на претседателскиот кабинет.

Приоритетна тема на денешниот состанок ќе бидат мерките во борбата против новиот тип на коронавирусот (Ковид-19) и процесот на нормализација.

На состанокот ќе биде разгледана последната состојба во борбата против епидемијата, ќе се направи проценка на дневниот број на заразени, а исто така ќе се преземат нови чекори согласно препораките на научниот совет.

На прво место на денешниот состанок се наоѓаат ограничувањето на движењето на граѓаните односно полицискиот час за викендите. Идната недела ова ограничување се предвидува да изнесува 4 дена вклучувајќи го и празникот 19 мај.

Во врска со забраната за движење на граѓаните од над 65 годишна и под 20 годишна возраст исто така се очекува да се преземат нови чекори. Може да се зголеми бројот на деновите и часовите во кои ќе можат да излезат на улица.

Состојбата на градовите во кои се спроведува ограничување за патување е една друга точка на состанокот, додека отворањето на рестоораните, кафетериите и слаткарниците се наоѓа меѓу првите пет точки на состанокот.

Што се однесува на надворешната агенда, приоритетни поглавја на кои ќе се направи проценка на случувањата се настаните во Либија и Сирија. Имено властите активно ги следат судирите во Либија.

Што се однесува до поглавјето посветено на Сирија, ќе  идат разгледани разузнавачките извештаи од Идлиб. Ќе се направи посебен осврт на евентуалната терористичка закана врз подрачјата на северот на Сирија чија безбедност е обезбедена. В тие рамки ќе се разгледаат мерките за заштита од заканата.

Претседателот Ердоган по состанокот се очекува да одржи прес конференција.



Слични вести