Турција успешно ја продолжува борбата против Ковид-19
Бројот на смртните случаи од Ковид-19 во Турција во последните 24 часа се намали на 47 лица и вкупно изнесува 3 786 лица.
1414460

Во последните 24 часа константно продолжи падот на бројот на смртните случаи и инфектираните од новиот тип на коронавирусот (Ковид-19) во Турција.
Бројот на смртните случаи од Ковид-19 во Турција во последните 24 часа се намали на 47 лица и вкупно изнесува 3 786 лица.
Во истиот период беа остварени 36 187 тестови од кои 1 542 беа позитивни.
Со подобрувањето на здравствената состојба на уште 3 211 лица, вкупниот број на оздравените пациенти кои беа отпуштени од болница изнесува 92 691.