Претседателот Ердоган: Ако сите заедно се придржуваме кон мерките овој процес ќе го пребродиме за покусо време

Претседателот Ердоган истакна дека со придржување на сите заедно кон мерките процесот на епидемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19) ќе може да се преброди за покусо време од другите земји во светот

1414402
Претседателот Ердоган: Ако сите заедно се придржуваме кон мерките овој процес ќе го пребродиме за покусо време

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган преку видеоконференција учествуваше на церемонијата на првото осветлување на тунелот на Метро проектот Гајреттепе-Ќагитхане-Истанбулскиот аеродром.

Претседателот Ердоган во говорот што го одржа истакна дека со придржување на сите заедно кон мерките процесот на епидемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19) ќе може да се преброди за покусо време од другите земји во светот.

„Процесот на епидемијата пред кој беа немоќни дури и развиените земји ние како Турција освен тоа што ги обезбедивме нашите сопствени потреби им дадовме поддршка и на другите. Доколку сите заедно се придржуваме кон мерките ние оваа работа ќе ја пребродиме за покусо време од другите земји во светот.“ - рече Ердоган.

Од друга страна, во врска со болниците чија изградба продолжува интензивно на аеродромот Ататурк и во населбата Санџактепе во Истанбул, а кои се планира да бидат значаен центар во борбата против Ковид-19, претседателот Реџеп Тајјип Ердоган го рече следното: „Оние кои ќе доаѓаат овде од странство за здравствен туризам, со авиони и амбулантни авиони, ќе бидат лекувани и потоа испратени оттука.“

Ердоган подвлече дека Турција му придава мошне големо значење на здравствениот туризам.



Слични вести