Порака со честитка од претседателот Ердоган по повод Денот на мајките

Претседателот Ердоган објави порака по повод Денот на мајките во која напиша: „Нашите мајки се гнездо на милост и безбедно пристаниште за сите нас. Тие се круна на нашата глава, најдрагоцени, за нас кои веруваме дека рајот е под нозете на мајките“

1414207
Порака со честитка од претседателот Ердоган по повод Денот на мајките

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган објави порака со честитка по повод Денот на мајките.

Според објавеното соопштение од одделот за комуникации во претседателскиот кабинет им се одделува место на следните зборови на претседателот Ердоган во неговата порака: „Им го честитам Денот на мајките на нашите мајки кои преземаат најголема одговорност во воспитувањето на идните поколенија, кои се симбол на самопожртвуваноста и неограничената љубов, нашето најдрагоцено засолниште, нашите први учители.“

„Нашите мајки се гнездо на милост и безбедно пристаниште за сите нас. Тие се круна на нашата глава, најдрагоцени, за нас кои веруваме дека 'рајот е под нозете на мајките'. Нашите мајки кон кои не можеме никогаш да го исплатиме нашиот долг, да го исплатиме правото коешто го имаат над нас, одигруваат основна улога во обликувањето на чувствата, мислите и индивидуите (карактерите) на децата и младите на кои им ја оставаме во аманет нашата иднина; тие со нивните возвишени чувства како што се несебична љубов, трпение и самопожртвуваност, стануваат пример за целото општество.

Ќе продолжиме да работиме неуморно за обезбедување на потребите и очекувањата на нашите мајки кои за своите чеда се испречуваат пред сите тешкотии и го осветлуваат нашиот пат со нивната огромна толеранција. Ќе се залагаме да бидат радосни и спокојни, да им бидат подобрени условите за живот. Им го честитам Денот на мајките на нашите мајки кои се најзначајните неимари на нашата иднина, на нашето единство и заедништво, кои секогаш заслужуваат најголемо почитување; Со милост и благодарност до сите наши мајки кои починале, се преселиле на оној свет (ахиретот).“ - напиша претседателот Реџеп Тајјип Ердоган во својата порака по повод Денот на мајките.



Слични вести