Новиот ирачки премиер Ќазими: Сакаме да ги развиеме нашите односи со Турција во секоја сфера

Новиот ирачки премиер Мустафа Ќазими го прими амбасадорот на Турција во Багдад Фатих Јилдиз и во оваа пригода истакна дека неговата земја посакува да ги развие односите со Турција во секоја сфера

1414173
Новиот ирачки премиер Ќазими: Сакаме да ги развиеме нашите односи со Турција во секоја сфера

Новиот ирачки премиер Мустафа Ќазими истакна дека неговата земја посакува да ги развие односите со Турција во секоја сфера.

Според објавеното соопштение од канцеларијата на Мустафа Ќазими, ирачкиот премиер го прими во владиниот дворец амбасадорот на Турција во Багдад Фатих Јилдиз.

Во оваа пригода, ирачкиот премиер Ќазими велејќи „Сакаме да ги развиеме нашите односи со Турција во секоја сфера“ го нагласи значењето на соработката со Турција особено во сферата на економијата и борбата против тероризмот.

Амбасадорот на Турција во Багдад Фатих Јилдиз пак, му честита на премиерот Ќазими за добиената доверба од Парламентот.

15 министри на кабинетот на новиот ирачки премиер Мустафа Ќазими составен од вкупно 22 министри, во средата доби доверба од Парламентот.   

 



Слични вести