Состојбата со Ковид-19 во Турција во изминатите 24 часа: 50 починати, 1.546 новозаразени, 3.084 излекувани пациенти
Во изминатите 24 часа бројот на починатите од Ковид-19 опадна на 50 лица со што вкупниот број на смртните случаи во земјата изнесува 3.739, а заедно со уште 3.084 отпуштени од болница вкупниот број на оздравените се зголеми на 89.480 лица
1414071

Продолжуваат да даваат позитивни резултати мерките коишто ги презема Турција во борбата против новиот тип коронавирус (Ковид-19), а паралелно со тоа продолжува и константниот пад на смртните случаи и регистрираните новозаразени лица во земјата.
Во изминатите 24 часа бројот на починатите од Ковид-19 опадна на 50 лица со што вкупниот број на смртните случаи во земјата изнесува 3.739.
Во последното деноноќие се направени 35.605 теста од кои се дијагностицирани 1.546 новозаразени.
Вкупниот број на случаите на зараза од коронавирусот изнесува 137.115 лица.
Заедно со уште 3.084 излекувани и отпуштени од болница во изминатите 24 часа, вкупниот број на оздравените пациенти кои досега ја победија болеста во Турција се зголеми на 89.480 лица.