Ердоган: „Турција е на ист брод со ЕУ“

Заеднички непријател на Турција и ЕУ е вирусот кој не познава граници

1413935
Ердоган: „Турција е на ист брод со ЕУ“

Претседателот Реџеп Тајип Ердоган рече дека заеднички непријател на Турција и ЕУ е вирусот кој не познава граници.

Се надевам дека ЕУ веќе сфати дека се наоѓаме на ист брод.

Претседателот Ердоган објави порака со честитки по повод 70-та годишнина од усвојувањето на Шумановата декларација.

Ердоган во пораката истакна дека по Втората светска војна која го сруши целиот свет, Унијата успеа повторно да ја воздигне Европа од пепел, да ги напушти и да се откаже од разликите и непријателствата и повторно да се сплоти пколу заедничките прашања како што се мирот, безбедноста, развојот и просперитетот.

Денес повторно се соочуваме со една разурнувачка катастрофа. Овојпат заеднички непријател е еден вирус кој не познава никакви граници и не се заканува само на нашето здравје и просперитетот, туку и на социјалниот и просперитетот туку и на човечките врски. Овој мал и невидлив непријател уште еднаш не потсети на фактот и потребата да бидеме обединети, силни во обединетоста, кои за жал како последица на популистичките политики и краткорочните национални интереси се најдовме на прагот да ги заборавиме.

Верувам дека ЕУ со вистинските и навремени чекори што ќе ги фрли, ќе излезе многу посилна од кризата.

Затоа доколку светот се откаже од реториките на дискриминација и омраза, не се жртвуваат заедничките придобивки на Европа на сметка на малите политички игри, се фокусира кон спроведување сеопфатни и праведни политики, убеден сум дека не очекува многу посветла иднина. Пред нас се наоѓаат тешки денови во кои треба да се насочиме кон управување со борбата против епидемијата и процесот на економско закрепнување по епидемијата, регионалните случувања кои неповолно се одразуваат врз нашиот континент како и нерегуларните миграции и борбата против тероризмот.

Затоа приликите коишто ќе се пружат во овие тешки денови треба многу добро да ги искористиме за повторно оживување на односите меѓу Турција и ЕУ.

Членството на Турција во ЕУ ќе одигра значајна улога во стекнувањето на ЕУ со глобална улога.

Во името на сите наши граѓани и во свое лично име на сите европски граѓани им го честитам 9 мај, Денот на Европа“ рече Ердоган во пораката.

Делегацијата на ЕУ за Турција му се заблагодари на претседателот Ердоган за пораката со честитки по повод Денот на Европа.

Во пораката на делегацијата беше истакнато дека „Ја примивме пораката со честитки по повод Денот на Европа на неговата екселенција претседателот Реџеп Тајип Ердоган. Почитуван претседателе, многу Ви благодариме за сикрените и добри желби“ беше истакнато во пораката.



Слични вести