Ердоган му го честита „Денот на победата“ на рускиот претседател Путин

Почитуван претседателе, драг пријателе, искрено и од се срце ви ја  честитам 75-та годишнина на 9-ти мај, Денот на победата

1414055
Ердоган му го честита „Денот на победата“ на рускиот претседател Путин

Претседателот Реџеп Тајип Ердоган по повод 9-ти мај, Денот на победата на Русија му испрати порака со честитики на рускиот претседател Владимир Путин.

Во објавата којашто беше споделена од страна на Дирекцијата за комуникации при претседатаелскиот кабинет беше истакнато следното:

„Почитуван претседателе, драг пријателе, искрено и од се срце ви ја  честитам 75-та годишнина на 9-ти мај, Денот на победата. Одбележувањето на годишнината на овој значаен ден кој подразбира окончување на Втората светска војна која предизвика голема тага за целото човештво и загинаа милиони советски граѓани, истовремено претставува потсетување и маркантен патоказ за значењето на меѓународниот мир. Ја користам оваа прилика уште еднаш да потенцирам на значењето на заедничките напори коишто ги вложуваат Турција и Русија во псоледно време особено за зашувување на регионалниот мир и стабилност.

Исто така сакам да ви ја пренесам солидарноста на турскиот народ во борбата којашто Русија ја води против новиот тип на коронавирусот (Ковид-19) како и искрените поздрави и желби на турскиот народ до Вас и пријателскиот руски народ.“



Слични вести