Чавушоглу: „Да бевме членка, Унијата ќе водеше подобра борба против сите тешкотии“

Земјите кандидати како што е Турција се спремни да дадат секаков вид поддршка на ЕУ за да стане глобален актер во светот

1413936
Чавушоглу: „Да бевме членка, Унијата ќе водеше подобра борба против сите тешкотии“

Министерот за надворешни работи Мевљут Чавушоглу рече дека меѓународната заедница во иднина ќе има поголема потреба за посилна Европска унија (ЕУ).

Турција во овие тешки денови да беше членка на ЕУ, унијата ќе беше многу посилна и ќе водеше подобра борба против сите тешкотии, а не само против новиот тип на коронавирусот, рече Чавушоглу.

Во пораката по повод 9-ти мај, Денот на Европа министерот Чавушоглу истакна:

„ЕУ, своето место во светот го зазеде како значаен проект за воспоставување на мирот и просперитетот и целина на заедничките вредности. Со заедничките политики освен тоа што го уредува и регулира општествениот живот во низа сфери, исто така дава голем придонес не само на своите граѓани туку и на меѓународната заедница. Гледано од аспект на актуелната состојба, епидемијата на Ковид-19 го тестира целиот свет без оглед на интензивната геополитичка конкуренција, заканите насочени кон мултилатерализмот и регионалните судири.

Во период кога меѓународниот систем поминува низ трансформација исполнета со неизвесности и судири, борбата против овие предизвици налага неминовна потреба за формирање нови сојузништва на ЕУ, додека од друга страна пак треба да ја зголеми соаботката и солидарноста со актуелните сојузници и самата да се зајакне.

Земјите кандидати како што е Турција се спремни да дадат секаков вид поддршка на ЕУ за да стане глобален актер во светот кој ќе се придржува кон начелата на приврзаност, конзистентност, договорност и принципи на формирањето. Турција ссе наоѓа на чело на земјите кои што можат да дадат најголем придонес во надминувањето на постоечките искушенија и предизвици.

Турција и ЕУ споделуваат заеднички придобивки во широк дијапазон како од надворешната политика, економските и трговските односи, така и во сферата на безбедноста и борбата против тероризмот, граниќното ушравување, вработувањето и миграциските политики.

Турција со ставот за време на епидемиската криза уште еднаш ја покажа својата спремност за соработка.

Гледнао од тој аспект, нашите очекувања се засноваат на прифаќањето разумни политики од страна на ЕУ кои ќе го одразат ставот „Обединети во различноста“ и глобалната одговорност на Унјата, а исто така ќе се оддалечат од тесноградите национални сфаќања. Турција е отворена за секаков вид искрена и елоквентна соработка со ЕУ за заедничка иднина. Поаѓајќи од овој став, искрено и од се срце им го честитам Денот на Европа на сите европски граѓани“ рече Чавушоглу.



Слични вести