Благодарност од Делегацијата на ЕУ во Турција до претседателот Ердоган за испратената порака по повод Денот на Европа

Во објавеното писмено соопштение од делегацијата на ЕУ во Турција во врска со пораката којашто претседателот Ердоган ја испрати по повод 9 Мај - Денот на Европа се вели следното: „ Господине претседател, многу ви благодариме за вашите добри желби“

1414017
Благодарност од Делегацијата на ЕУ во Турција до претседателот Ердоган за испратената порака по повод Денот на Европа

Делегацијата на Европската унија (ЕУ) во Турција му се заблагодари на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган за испратената порака по повод 9 Мај - Денот на Европа.

Во објавеното писмено соопштение од делегацијата на ЕУ во Турција се вели следното: „Ја примивме пораката по повод Денот на Европската унија (ЕУ) на Неговата екселенција претседателот на Република Турција господинот Реџеп Тајјип Ердоган. Господине претседател, многу ви благодариме за вашите добри желби.“ 

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган во испратената порака до делегацијата на Европската унија (ЕУ) во Турција по повод 9 Мај - Денот на Европа ја изнесе следната констатација: „Европската унија (ЕУ) која досега во однос на бројни прашања презентираше дискриминаторски и игнорирачки став кон нашата земја, се надевам дека веќе сфати дека сите се наоѓаме на ист брод.“

Од друга страна, делегацијата на Европската унија (ЕУ) во Турција го одбележа 9 Мај - Денот на Европа со програма во живо преку каналот Јутуб и со манифестации организирани преку интернет.

Во програмата својата порака по повод овој ден ја сподели и заменик министерот за надворешни работи и претседател за Европска унија (ЕУ) Фарук Кајмакчи кој истакна дека Турција од 1999 година кога е прогласена за земја кандидат за членство во Европската унија (ЕУ) го одбележува Денот на ЕУ.

Укажувајќи на тоа дека Турција онака како што зазема место во минатото на Европа со својата географија, историја, економија, трговија, спортот и уметноста, ќе заземе место и во нејзината иднина, Кајмакчи рече: „Да се заземе место во иднината на Европа, значи полноправно членство во Европската унија (ЕУ). Турција располага со квалификации да ги реализира неопходните реформи во наредниот период и да стане полноправна членка на Европската унија (ЕУ). Овој процес ќе го унапредиме на брз начин.“

Претседателот на делегацијата на Европската унија (ЕУ) во Турција Кристијан Бергер кој исто така говореше на виртуелната манифестација привлекувајќи внимание кон блискиот дијалог и соработката меѓу Турција и Европската унија (ЕУ) го истакна следното. „Јас како лице кое 4 години живее во Турција, со нејзината модерна градба и економијата, инфраструктурата, со начинот на кој луѓето работат и размислуваат, овде гледам една европска земја.“

 



Слични вести