Акар: „Од 1 јануари наваму неутрализирани 1 359 терористи“

Нашите војници со голема храброст и пожртвуваност водат несебична борба против вирусот и терористите

1413938
Акар: „Од 1 јануари наваму неутрализирани 1 359 терористи“

Министерот за национална одбрана Хулуси Акар рече дека од 1 јануари наваму неутрализирани се 1 359 терористи.

На состанокот со кој претседаваше министерот Акар и на кој учествуваа началникот на ГШ генерал на армија Јашар Ѓулер, командантите на вооружените сили и замениците министри, беа разгледани активностите на министерството.

Акар во говорот рече дека во период кога се води сеопфатна борба против новиот тип на коронавируот (Ковид-19), Турските вооружени сили (ТВС) продолжуваат со операциите против тероризмот.

ТВС со исто темпо продолжуваат со операциите во 5 оперативни подрачја и со голема решителност ја продолжуваат борбата против тероризмот.

Во рамките на операциите во четвртокот, беа неутрализирани17 терористи во различни оперативни подрачја. Вкуниот број на терористите кои од 1 јануари наваму беа неутрализирани изнесува 1 359. Нашите војници со голема храброст и пожртвуваност водат несебична борба против вирусот и терористите.



Слични вести