Турција и испрати медицинска помош на Украина во борбата против Ковид-19

Во објавеното соопштение од Министерството за национална одбрана се истакнува дека по инструкција на претседателот Ердоган од страна на министерството беше подготвена медицинска помош која и беше испратена на Украина за поддршка во борбата против Ковид-19

1413476
Турција и испрати медицинска помош на Украина во борбата против Ковид-19

Турција продолжува да им испраќа помош во медицински материјали на земјите кои се подложени на влијанието на глобалната епидемија на новиот тип коронавирус (Ковид-19).

Во објавеното соопштение од Министерството за национална одбрана се истакнува дека по инструкција на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган од страна на министерството беше подготвена медицинска помош која со помош на авион и беше испратена на Украина за поддршка на оваа земја во борбата за справување со Ковид-19.

Од друга страна, во Литванија пристигнаа апаратите за дишење (вентилаторите) коишто и беа испратени на оваа земја од страна на Турција, за борба против епидемијата на Ковид-19.

Литванскиот министер за надворешни работи Линас Линкевичиус и се заблагодари на Турција за доставената помош.

Линкевичиус споделувајќи фотографија на својот профил преку социјалната медија соопшти дека испратените преносливи вентилатори за бели дробови стигнале во неговата земја.

Литванскиот министер за надворешни работи Линас Линкевичиус на својот профил ја сподели и пораката: „Пример на успешна соработка од Литванија и Турција во борбата против Ковид-19. Им благодарам за поддршката на мојот ценет пријател министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу, на Владата на Република Турција и на турските дипломати.“

 



Слични вести