Поволни резултатите од борбата на Турција против Ковид-19

Бројот на смртните случаи од (Ковид-19) во Турција во последните 24 часа се намали на 48 лица и вкупно изнесува 3 689 лица

1413657
Поволни резултатите од борбата на Турција против Ковид-19

Во последните 24 часа константно продолжи падот на бројот на смртните случаи и инфектираните од новиот тип на коронавирусот (Ковид-19) во Турција.

Бројот на смртните случаи од (Ковид-19) во Турција во последните 24 часа се намали на 48 лица и вкупно изнесува 3 689 лица.

Во истиот период беа остварени 33 687 тестови од кои 1 848 беа позитивни.

Со подобрувањето на здравствената состојба на уште 3 412 лица, вкупниот број на оздравените пациенти кои беа отпуштени од болница изнесува 86 396.



Слични вести