Ќе бидат организирани уште 4 специјални летови за евакуирање турските граѓани од САД

Од САД ќе бидат организирани уште четири специјални летови со кои ќе бидат донесени во Турција турските граѓани кои останаа во оваа земја поради новиот тип коронавирус (Ковид-19)

1413187
Ќе бидат организирани уште 4 специјални летови за евакуирање турските граѓани од САД

За евакуирање на турските граѓани кои поради глобалната епидемија на новиот тип коронавирус (Ковид-19) останаа во Соединетите Американски Држави (САД), од страна на Турската авиокомпанија ТХЈ (Туркиш Ерлајнс) ќе бидат организирани специјални летови од Њујорк, Чикаго, Хјустон и Мајами.

Во објавеното писмено соопштение од Амбасадата на Турција во Вашингтон се истакнува дека специјалните летови од САД за Турција за кои станува збор ќе бидат реализирани на 15 мај од Њујорк и Чикаго, на 16 мај од Хјустон и на 17 мај од Мајами.

Во соопштението се вели дека нема да бидат примени во авионите лицата кои на денот на летот ќе имаат симптоми на Ковид-19 или кои се позитивни на вирусот.

Турските граѓани кои ќе дојдат со наведените летови во Турција во текот на 14 дена ќе бидат ставени во карантин.

Инаку, откако на 27 и 28 март беа сопрени авионските летови помеѓу САД и Турција за турските граѓани кои не можеа да се вратат во земјата на 23 и 24 април беа реализирани 3 летови од Вашингтон, Њујорк и Лос Анџелес.



Слични вести