Екипите на турската крајбрежна стража спасија од морето 26 сириски мигранти

Откако мигрантите чиј фибер чамец во близина на грчкиот остров Кос (Истанќој) бил турнат назад кон турските територијални води побараa помош, на местото на случајот беа испратени екипи на турската крајбрежна стража

1413461
Екипите на турската крајбрежна стража спасија од морето 26 сириски мигранти

Во близина на населеното место Датча кај градот Мугла се спасени од морето 26 мигранти чиј фибер чамец од страна на припадниците на грчката крајбрежна стража бил турнат во територијалните води на Турција.

Откако мигрантите чиј фибер чамец во близина на грчкиот остров Кос (турски Истанќој) бил турнат назад кон турските територијални води побараa помош, на местото на случајот беа испратени екипи на турската крајбрежна стража.

Во морето во близина на Датча беа пронајдени 26 сириски мигранти меѓу кои имаше и жени и деца кои беа качени на чамецот на турската крајбрежна стража и беа извадени на копно.

Спасените мигранти беа донесени во пристаништето на Датча и по законските постапки беа предадени на Дирекцијата на управата за миграција на Мугла.

 



Слични вести