Фуат Октај: Турција дури и во средина на криза е безбедно пристаниште за инвеститорите

Фуат Октај рече: Непроменлива вистина е тоа што Турција со својата силна инфраструктура за производство, динамичната работна сила и  со можностите на пазарот со коишто располага, дури и во средина на криза претставува безбедно пристаниште за инвеститорите

1413636
Фуат Октај: Турција дури и во средина на криза е безбедно пристаниште за инвеститорите

Потпретседателот Фуат Октај преку видео конференција од претседателската палата „Куллијето“ во Бештепе во Анкара говореше на состанокот на Управниот одбор на Асоцијацијата на американските компании (AmCham Turkey/ABFT).

Октај истакна дека Турција дури и во средина на криза е безбедно пристаниште за инвеститорите.

Укажувајќи дека поради тоа што поради глобалната епидемија на новиот тип коронавирус (Ковид-19) којашто ја зафати целиот свет постои неизвесност на највисок степен и се поминува низ еден невообачаен поцес, Октај  напомена дека епидемијата станува причина за едниот од најсериозните економски шокови во поблиската историја и во глобалната економија.

Фуат Октај привлече внимание на глобалните тешкотии коишто се доживуваат во синџирите на снабдување во континуитетот на обезбедување на суровини (репроматеријали), меѓу производи и услуга, а воедно нагласи дека бројни работи нема да бидат како порано и во трговските односи и инвестирањата.

Фуат Октај рече: „Непроменлива вистина е тоа што Турција со својата силна инфраструктура за производство, динамичната работна сила и  со можностите на пазарот со коишто располага дури и во средина на криза претставува безбедно пристаниште за инвеститорите. Влијанијата на глобалната епидемија му ставија отворено до знаење на целиот свет дека не претставува одржлива политика да се биде приврзан (зависен) кон единствен центар на производство како што е Кина. Во овој правец, глобалните компании почнаа да ги позиционираат наново своите центри на производство. Турција располага способност повеќе и од она што е неопходно за да стане епицентар во производството и инвестирањето во безброј различни сфери.“

Велејќи дека Турција помина еден успешен период во борбата против глобалната епидемија, потпретседателот Фуат Октај нагласи дека не е доживеан проблем во снабдувањето во однос на ниту едно прашање, од здравствена опрема до снабдување со храна.



Слични вести