Дански весник: Турција, супер сила на Блискиот исток во сферата на беспилотните летала

Во веста на дописникот во Турција на овој левоориентиран весник, кој се објавува во земјата уште од 1945 година, Валед Сафи, се одделува широко место на производството на  беспилотните летала (ИХА) и наоружаните беспилотни летала (СИХА) во Турција

1413327
Дански весник: Турција, супер сила на Блискиот исток во сферата на беспилотните летала

Данскиот весник „Информатион“ напиша дека Турција е супер сила во сферата на беспилотните летала (ИХА) и наоружаните беспилотни летала (СИХА).

Во веста на дописникот во Турција на овој левоориентиран весник, кој се објавува во земјата уште од 1945 година, Валед Сафи се одделува широко место на производството на  беспилотните летала (ИХА) и наоружаните беспилотни летала (СИХА) во Турција. 

Во веста се истакнува дека програмата на ИХА и СИХА на Турција се реализира под водство на Селчук Бајрактар кој го прочу своето име со работите коишто ги реализира во оваа сфера уште од 2000-дитите години и дека Бајрактар со порачките што ги доби во 2014 година од турската армија на брз начин ја разви својата програма во оваа сфера.

Се вели дека Турција ги користи ефикасно беспилотните летала (ИХА) и наоружаните беспилотни летала (СИХА) пред се во борбата против сепаратистичко-терористичката организација ПКК, како и во операциите во Сирија и во Либија и се напоменува дека Турција се искачи на третото место во светот во употребата на овој вид оружје.

Во веста на дански „Информатион“ се потсетува дека турските беспилотни летала (ИХА) и наоружани беспилотни летала (СИХА) воедно се извезуваат и во странство, во земји како што се Катар, Тунис и Украина.

Се нагласува дека Турција со беспилотни летала (ИХА) и наоружани беспилотни летала (СИХА) го промени текот на војната во Сирија и Либија и дека поготово им беа нанесени тешки загуби на Асадовиот режим и неговите поддржувачи, во подрачјето на Идлиб, во Сирија.

Се истакнува дека Турција со успехот што го постигна со наоружаните беспилотни летала (СИХА) во Идлиб го принуди рускиот претседател Владимир Путин на 8 март да седне на преговарачката маса.

Во веста на данскиот весник „Информатиот“ се подвлекува и следното: „Во војната којашто продолжува да се води во Либија во главниот град Триполи и околината Владата на национално единство го сопре лидерот на нелегитимните вооружени сили Халифа Хафтар, со наоружаните беспилотни летала (СИХА) кои беа испратени од Турција.“



Слични вести