Во Турција од Ковид-19 во изминатите 24 часа оздравеа уште 4.782 пациенти

Во Турција од Ковид-19 во изминатите 24 часа починаа 57 лица, оздравеа 4.782 инфектирани, а се дијагностицирани 1.977 новозаразени лица

1412967
Во Турција од Ковид-19 во изминатите 24 часа оздравеа уште 4.782 пациенти
Turkiye koronavirus (1).jpg
Turkiye koronavirus.jpg
kovid turkiye.jpg
turkiye kovid iyilesen taburcu.jpg
Turkiye korona.jpg
turkiye 93 yasindaki hasta koronayi yendi.jpg
Türkiye korona.jpg

Продолжуваат да даваат позитивни резултати мерките коишто ги презема Турција во борбата против новиот тип коронавирус (Ковид-19).

Во изминатите 24 часа бројот на починатите од Ковид-19 опадна на 57 со што вкупниот број на смртните случаи во земјата изнесува 3.641.

Во последното деноноќие се направени 33.395 теста од кои се дијагностицирани 1.977 новозаразени.

Вкупниот број на случаите на зараза од коронавирусот изнесува 133.721 лице.

Заедно со уште 4.782 излекувани и отпуштени од болница во изминатите 24 часа, вкупниот број на оздравените пациенти кои досега ја победија болеста во Турција се зголеми на 82.984 лица.

 



Слични вести