Успехот на Турција во борбата против Ковид-19 се одрази и на бројките

Успехот што го бележи Турција во борбата против новиот тип коронавирус (Ковид-19), а кој служи за пример и за светот се одрази и на бројките

1412842
Успехот на Турција во борбата против Ковид-19 се одрази и на бројките

Кога ќе се направи споредба во процентот на активните случаи на зараза и оздравените пациенти од новиот тип коронавирус (Ковид-19) во светот, се согледува дека процентот на оздравените пациенти во Турција е повисок од процентот во светот.

Процентот на активни случаи на зараза во Турција заклучно со 6 мај опадна до 36,95 отсто, а процентот на оздравени пациенти се зголеми за 59,36 отсто.

Кога ќе се земе во предвид вкупниот број на случаи на зараза во светот, процентот на активни случаи на зараза изнесува 58,03 отсто, а процентот на оздравени пациенти 33,76 отсто.

Заклучно со вчерашниот ден 0,97 отсто од дијагностицираните пациенти со Ковид-19 во Турција се наоѓаат на лекување во одделенијата за интензивна нега, додека овој процент во светот изнесува 1,29 отсто.

Процентот на смртните случаи од Ковид-19 во светот опадна на 6,91 отсто, додека овој процент во Турција опадна на дури 2,7 отсто.



Слични вести