Реализирана деветата заедничка турско-руска копнена патрола во подрачјето на Идлиб, во Сирија

Во соопштението на Министерството за национална одбрана се вели: Во рамките на постигнатиот договор помеѓу Турција и Русија, со учество на копнените и воздушните елементи на двете земји е реализирана деветата заедничка турско-руска копнена патрола

1412885
Реализирана деветата заедничка турско-руска копнена патрола во подрачјето на Идлиб, во Сирија

На Автопатот М-4 во подрачјето на Идлиб во северозападниот дел на Сирија, е реализирана деветата заедничка турско-руска копнена патрола. 

Во објавеното соопштение од Министерството за национална одбрана во врска со заедничката патрола се истакнува следното: „Во рамките на постигнатиот договор помеѓу Турција и Русија, со учество на копнените и воздушните елементи на двете земји е реализирана деветата заедничка турско-руска копнена патрола.“

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган и рускиот претседател Владимир Путин на 5 март во Москва постигнаа договор во чии рамки се реализираат заеднички патроли на Автопатот М-4 во подрачјето на Идлиб, во северозападниот дел на Сирија.

Турција и Русија се договорија заклучно со 6 март да бидат сопрени сите воени дејствија во должина на контакт линијата во Зоната за намалување на затегнатоста (деескалација) во Идлиб. Освен тоа, двете земји се договорија да се формира безбеден коридор на длабочина од 6 километри северно и 6 километри јужно од Автопатот М-4 и да се реализираат заеднички патроли на Автопатот М-4.

 

 



Слични вести