Кај градот Адијаман се неутрализирани тројца, а на северот на Ирак четворица терористи

Во реализирана операција поддржана од воздух во руралното подрачје на градот Адијаман се неутрализирани тројца терористи, а во воздушна операција на северот на Ирак четворица терористи на сепаратистичко-терористичката организација ПКК

1412632
Кај градот Адијаман се неутрализирани тројца, а на северот на Ирак четворица терористи

Во реализирана операција поддржана од воздух во руралното подрачје на градот Адијаман се неутрализирани тројца терористи на сепаратистичко-терористичката организација ПКК. 

Во објавеното писмено соопштение од Министерството за внатрешни работи се истакнува дека во реализирана операција поддржана од воздух од страна на единиците за специјални операции на градската команда на жандармеријата, а во рамките на операциите за воспоставување на внатрешната безбедност, во руралното подрачје на градот Адијаман се неутрализирани тројца терористи.

Во соопштението се вели дека антитерористичките операции во подрачјето продолжуваат.

Во меѓувреме, и во објавеното соопштение од Министерството за национална одбрана се истакнува дека во реализирана воздушна операција преку границата на областите Хакурк, Зап и Хафтанин во северниот дел на Ирак, се неутрализирани четворица терористи на сепаратистичко-терористичката организација ПКК.

 



Слични вести