ЈТБ продолжува да доделува хуманитарна помош на семејствата во Велика Британија

Пакетите  се состојат од храна и средства за чистење и во текот на месецот на постот Рамазан ќе бидат поделени на возрансите и сиромашните семејства

1412844
ЈТБ продолжува да доделува хуманитарна помош на семејствата во Велика Британија

Управата за Турците во странство и роднински заедници (ЈТБ) во соработка со турските Невладини организации во Велика Британија, во рамките на  борбата против новиот тип на коронавирусот (Ковид-19) доделува помош на старите и изнемоштени лица кои не можат да излезат од дома и на сиромашните семејства.

Во писменото соопштение кое беше објавено од страна на ЈТБ беше истакнато дека во согласност со „Програмата за поддршка и соработка со дијаспората Ковид-19“ која што ја започнаа во рамките на борбата против епидемијата, Управата во соработка со Советот на Кипарско Турските Здруженија во Британија, Меѓународната демократска унија во ВБ и Здружението за едукација и култура на раѓаните од Кахраманмараш   оствари заеднички активности.

Според тоа, почна распределбата на илјада пакети на турските граѓани кои имаат потреба од хуманитарна помош, а кои беа подготвени од страна на ЈТБ.

Пакетите  се состојат од храна и средства за чистење и во текот на месецот на постот Рамазан ќе бидат поделени на возрансите и сиромашните семејства.



Слични вести