Во руралното подрачје на градот Агри се неутрализирани тројца терористи

Министерството за внатрешни работи соопшти дека бројот на неутрализираните терористи во реализираната операција во руралното подрачје на населеното место Догубајазит кај градот Агри се зголеми на тројца

1411711
Во руралното подрачје на градот Агри се неутрализирани тројца терористи

Во реализирана операција против терористите во руралното подрачје на населеното место Догубајазит кај градот Агри, кои се подготвувале за терористичка акција, се неутрализирани тројца терористи.

Во објавеното соопштение од Министерството за внатрешни работи се истакнува дека од страна на командоските единици на градската команда на жандармеријата е реализирана операција против терористите припадници на сепаратистичко-терористичката организација ПКК во руралното подрачје на населеното место Догубајазит кај градот Агри. 

Бројот неутрализираните терористи се зголеми на тројца.

Во соопштението се вели дека заедно со неутрализираните терористи се запленети и две минофрлачи коишто биле во состојба на готовс за истрелување, како и муниција, а воедно се додава дека операциите против терористите во подрачјето продолжуваат.

Инаку,  Министерството за внатрешни работи вчера соопшти дека во реализирана операција вчера во руралното подрачје на населеното место Догубајазит кај градот Агри се неутрализирани двајца терористи.

Од друга страна, тројца терористи на ПКК се неутрализирани и во реализирана операција во руралното подрачје на населеното место Оваџик кај градот Тунџели.

Антитерористичките операции во подрачјето продолжуваат.



Слични вести