Министерот Коџа: Ковид-19 во Турција е ставен под контрола; Новиот период е контролиран социјален живот

Министерот за здравствено Фахреттин Коџа по состанокот одржа прес конференција на која соопшти дека епидемијата на Ковид-19 е ставена под контрола

1412214
Министерот Коџа: Ковид-19 во Турција е ставен под контрола; Новиот период е контролиран социјален живот

Научниот совет за коронавирусот одржа состанок преку видео конференција на кој беа разгледани последната состојба и мерките во борбата против новиот тип коронавирус (Ковид-19).

Министерот за здравствено Фахреттин Коџа по состанокот одржа прес конференција на која соопшти дека епидемијата на Ковид-19 е ставена под контрола.

Велејќи дека Турција го заокружи првиот период во борбата против коронавирусот, министерот Коџа рече: „Веќе би можеле да одиме на некои промени во управувањето со епидемијата, во нашата актуелна политика и нашите применувања. Епидемијата е ставена под контрола, меѓутоа вистините во врска со вирусот не се променети. Нашиот дом продолжува да е најдоверлива средина против вирусот. Заканата од коронавирусот не е елиминирана. Тоа е можно со изолација и лекување на последниот преносувач.“

Фахреттин Коџа подвлече дека започнатиот нов период не е типичен период на нормализација и го рече следното: „Ризикот продолжува. Да се изгуби контролата ќе претставува покана за појава на втор бран. Тоа го видовме во голем број земји.“

Министерот за здравство Фахреттин Коџа новиот период кон кој се преминува го дефинира како „контролиран социјален живот“ во врска со што рече: „Во контролираниот социјален живот постојат две основни правила. Како прво, ако треба да излеземе надвор ќе употребиме маска. Второ, ќе го регулираме социјалното растојание. Во овој нов период нема да го намалиме нашиот капацитет на тестирање, туку ќе го зголемиме.“



Слични вести