Медицинска помош од Турција на Палестина во борбата против Ковид-19

Испратените медицински материјали од Турција за Палестина беа примена од страна на палестинските функционери со церемонија што се одржа во градот Рамалах на Западниот Брег кој инаку се наоѓа под израелска окупација

1411512
Медицинска помош од Турција на Палестина во борбата против Ковид-19
filistin yardim

Турција и достави медицинска помош на Палестина во борбата против новиот тип коронавирус (Ковид-19).

Испратените медицински материјали беа примена со церемонија што се одржа во градот Рамалах на Западниот Брег, кој инаку се наоѓа под израелска окупација.

На церемонијата присуствуваа палестинскиот министер за здравство Меј Кејле, палестинскиот министер за надворешни работи Ријад Малики, шефот на привремената мисија на генералниот конзулат на Турција во Ерусалим (Кудс) амбасадорот Ахмет Риза Демирер и други палестински функционери. 

Палестинскиот министер за надворешни работи Ријад Малики во говорот што го одржа овде истакна дека оваа доставена помош е од големо значење за продолжување на борбата против Ковид-19 од страна на палестинската влада и ја достави својата благодарност до претседателот Реџеп Тајјип Ердоган и турската влада.

Малики рече: „Оваа помош ја покажува силната врска помеѓу палестинскиот претседател Махмуд Абас и претседателот Ердоган.“

Инаку, карго авионот на Турската авиокомпанија ТХЈ (Туркиш Ерлајнс) натоварен со помош во медицински материјали испратени од страна на Турција за Палестина за борба на оваа земја против новиот тип коронавирус (Ковид-19) на 30 април слета на аеродромот Бен Гурион во близина на израелскиот главен град Тел Авив и оттука помошта им е доставена на палестинските функционери.



Слични вести