Финансиска поддршка од ЈТБ на студентите во Австралија и граѓаните во Германија

ЈТБ ја прифати „Ковид-19 Програма за поддршка и соработка со дијаспората“ која беше подготвена и поднесена од страна на Турското здружение Морланд

1412018
Финансиска поддршка од ЈТБ на студентите во Австралија и граѓаните во Германија

Управата за Турците во странство и роднински заедници (ЈТБ) пружи финансиска поддршка на турските студенти во Австралија кои поради мерките коишто беа преземени во борбата против новиот тип на коронавирусот (Ковид-19) ја изгубија работата.

ЈТБ ја прифати „Ковид-19 Програма за поддршка и соработка со дијаспората“ која беше подготвена и поднесена од страна на Турското здружение Морланд со цел да се обезбеди финансиска поддршка на турските студенти во Австралија кои во рамките на студирањето истовремено и работеа, а работата ја изгубија поради епидемијата на Ковид-19.

Во тие рамки Управата со посредство на здружението, на 100 студенти во Мелбурн им достави помош од 100 долари, купони за купопродажба и надомест за кирија.

Од друга страна пак, ЈТБ во рамките на хуманитарниот проект „Плакар на милостина“ кој беше организиран од страна на турските граѓани во Германија пружи помош во храна.

Според писменото соопштение кое беше објавено од страна на ЈТБ, Управата во рамките на „ Ковид-19 Програма за поддршка и соработка со дијаспората“ на проектот „Плакар на милостина“ во градот Кирхајм под Тек во германската покраина Баден-Виртемберг достави помош во храна од 3 тони.

Во рамките на проектот кој беше организиран од страна на Здружението на џаијата Султан Ахмет при Турско-исламската унија на верската заедница (ДИТИБ) беше донирана помош во основни прехранбени артикли како што се масло, брашно и тестенини.



Слични вести