Чавушоглу: Од Турција побараа помош 128 земји, а е одговорено на приближно половина од нив

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу истакна дека досега 128 земји побарале помош од Турција и дека е одговорено и се задоволени барањата на приближно половината од нив

1411844
Чавушоглу: Од Турција побараа помош 128 земји, а е одговорено на приближно половина од нив

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу беше гостин во програмата во живо на еден приватен телевизиски канал кадешто одговараше на поставените прашања. 

Чавушоглу истакна дека 128 земји побарале помош од Турција и дека е одговорено и се задоволени барањата на приближно половината од нив.

На едно прашање во врска со доставените барања за помош до Турција, Мевлут Чавушоглу рече: „Досега 128 земји од светот побараа помош во медицински материјали од Турција во вид на неповратна помош, дозвола за извоз или купување на медицинска опрема. Задоволивме приближно половина од нив.“

Чавушоглу истакна дека како последно синоќа разговарале со министерот за здравство Фахреттин Коџа како би можело да се задоволи барањето за помош на Парагвај.

„Две третини од земјите во светот побараа медицински материјали од Турција. Тоа покажува дека Турција е доверлив извор“ - констатира Чавушоглу.

Укажувајќи дека Турција  освен тоа што ги задоволува потребите на своите сопствени граѓани го споделува своето ускуство во сферата на здравството и со сите делови во светот, министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу го рече следното: „Светската здравствена организација (СЗО),  меѓународната заедница, Соединетите Американски Држави (САД) и другите земји ја покажуваат Турција како земја модел во сферата на здравството. Овој вид помош што ќе се доставува воедно ќе обезбеди Турција во иднина да стане и бренд на доверлив извор.“

 



Слични вести