Уште 5.119 оздравени од Ковид-19 во Турција: Досега се излекувани 73.285 заболени од вирусот

Заедно со уште 5.119 излекувани и отпуштени лица од болница во изминатите 24 часа, вкупниот број на оздравените пациенти кои ја победија болеста во Турција се зголеми на 73.285 лица

1411451
Уште 5.119 оздравени од Ковид-19 во Турција: Досега се излекувани 73.285 заболени од вирусот

Продолжува да се намалува бројот на смртните случаи и на случаите на новозаразени во борбата на Турција против новиот тип коронавирус (Ковид-19).

Во изминатите 24 часа бројот на починатите од Ковид-19 изнесува 59 лица со што вкупниот број на смртните случаи во земјата се зголеми на 3.520.

Во последното деноноќие се направени уште 33.283 теста од кои се дијагностицирани 1.832 новозаразени.

Вкупниот број на случаите на зараза од коронавирусот изнесува 129.491 лице.

Заедно со уште 5.119 излекувани и отпуштени лица од болница во изминатите 24 часа, вкупниот број на оздравените пациенти кои ја победија болеста во Турција се зголеми на 73.285 лица.



Слични вести