Турски граѓанин заболен од Ковид-19 во Судан со амбулантен авион донесен на лекување во Турција

Амбулантниот авион кој во пладневните часови слета на аеродромот во Картум го зеде 55-годишниот турски граѓани Мехмет Ханефи Ајдин заболен од Ковид-19 и го донесе на лекување во градот Анталја

1411422
Турски граѓанин заболен од Ковид-19 во Судан со амбулантен авион донесен на лекување во Турција

Турскиот граѓанин (55) Мехмет Ханефи Ајдин кој и покрај тоа што бил позитивен на новиот тип коронавирус (Ковид-19) бил испратен дома без да биде хоспитализиран во главниот град на Судан, Картум, со помош на амбулантен авион на Министерството за здравство е донесен во Турција.

Амбулантниот авион кој во пладневните часови слета на аеродромот во Картум го зеде 55-годишниот турски граѓани Мехмет Ханефи Ајдин заболен од Ковид-19 и го донесе на лекување во градот Анталја.

По повикот доставен од страна на децата на турскиот граѓанин Мехмет Ханефи Ајдин преку социјалните медиуми, министерот за здравство Фахреттин Коџа издаде директива заболениот турски граѓанин со амбулантен авион да биде донесен на лекување во Турција.



Слични вести