Министерството за внатрешни работи: Во април се неутрализирани вкупно 37 терористи

Портпаролот на Министерството за внатрешни работи Исмаил Чатакли истакна дека минатиот месец (април) се неутрализирани вкупно 37 терористи

1411298
Министерството за внатрешни работи: Во април се неутрализирани вкупно 37 терористи

Турските безбедносни сили неутрализираа тројца терористи на сепаратистичко-терористичката организација ПКК/ЈПГ кои се обиделе да се префрлат во подрачјето на операцијата Извор на мирот, источно од реката Еуфрат, во североисточниот дел на Сирија.

Во објавеното соопштение од Министерството за национална одбрана се се истакнува следното: „Нашите јуначки командоси неутрализираа тројца терористи на ПКК/ЈПГ кои се обиделе да се префрлат во подрачјето на операцијата Извор на мирот.“

Од друга страна, портпаролот на Министерството за внатрешни работи Исмаил Чатакли истакна дека минатиот месец (април) се неутрализирани 37 терористи.

Велејќи дека 11 од нив се убиени, 22 се фатени живи или ранети и четворица се предадени, Чатакли рече дека 34 од нив се терористи на ПКК/КЏК и тројца припадници на терористичката организација ДЕАШ/ХТШ.

Исмаил Чатакли воедно информира дека со успешно сспроведените операции бројот на терористите во границите на земјата е намален на 492 и за прв пат опадна под 500.



Слични вести