Чавушоглу: Поради Ковид-19 се донесени во Турција повеќе од 65 илјади турски граѓани од 103 земји во светот

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу истакна дека поради новиот тип коорнавирус (Ковид-19) се донесени во Турција повеќе од 65 илјади турски граѓани од 103 земји во светот

1411369
Чавушоглу: Поради Ковид-19 се донесени во Турција повеќе од 65 илјади турски граѓани од 103 земји во светот

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу во Центарот за поддршка и координација Ковид-19 во Министерството за надворешни работи направи проценка на актуелни прашања.

Чавушоглу истакна дека поради новиот тип коорнавирус (Ковид-19) се донесени во Турција повеќе од 65 илјади турски граѓани од 103 земји во светот.

Велејќи дека превентивните мерки кошто ги презема и успешните работи коишто ги води Турција во борбата против глобалната епидемија на Ковид-19 станаа модел за целиот свет, Чавушоглу напомена дека овој процес покажа колку е силен здравствениот систем во Турција.

Мевлут Чавушоглу привлече внимание дека додека внатре се води борба против епидемијата се доставува помош и надвор од земјата (во странство) и дека притоа земајќи ги во предвид и сопствените потреби на Турција се водат обиди да се одговори на барањата за помош коишто пристигнуваат од другите земји.

Министерот за надворшени работи Мевлут Чавушоглу се осврна и на активностите коишто се водат за донесување во земјата на турските граѓани кои се наоѓаат или живеат во странство во врска со што го рече следното: „Со ширењето на епидемијата до Турција беа доставени барања за евакуација. Досега во Турција вративме повеќе од 65 илјади наши граѓани од 103 земји. Ќе продолжиме да ги донесеме нашите граѓани и во наредните денови.“

Чавушоглу инофмрира дека поради глобалната епидемија на Ковид-19 досега животот го загубија и 473 турски граѓани во странство и дека посмртните останки на повеќе од 350 од нив беа донесени во Турција.



Слични вести