Видео порака од претседателот Ердоган: Оваа епидемија не потсети дека нашата судбина е заедничка

Претседателот Ердоган во својатаиспратена видео порака на состанокот Глобален одговор против Ковид-19 го истакна следното: „Оваа епидемија не потсети дека и покрај тоа што нашиот јазик и нашата религија се различни, нашата судбина е заедничка.“

1410571
Видео порака од претседателот Ердоган: Оваа епидемија не потсети дека нашата судбина е заедничка

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган испрати видео порака на состанокот под наслов „Глобален одговор на меѓународната посветеност во активносите против Коронавирусот“ којшто се одржа под водство на Комисијата на Европската унија (ЕУ).

Ердоган во оваа своја видео порака меѓу другото го истакна следното: „Оваа епидемија не потсети дека и покрај тоа што нашиот јазик и нашата религија се различни, нашата судбина е заедничка.“

Велејќи дека поради состанокот на претседателскиот кабинет не можеше да учествува на овој состанок, претседателот Ердоган рече: „Меѓутоа, во рамките на значењето коешто му го придавам на ова прашање чувствувам голема радост од тоашто ја доловив оваа прилика да ви се обратат со посредство на оваа видео снимка.“

Тој го изрази своето сочувство до граѓаните кои го загубија животот од епидемијата, а на заболените чие лекување продолжува им посака побрзо оздравување и го рече следното: „Инвестирањата коишто ги реализиравме досега во градските болници ни обезбеди мошне значајни прендоси во борбата против епидемијата. И покрај тоа што нашиот здравствен систем и нашите инфраструктурни инвестиции се силни, на 3 одделни локации во Истанбул ја започнавме изградбата на нови епидемски болници кои распоалгаат со капацитет од 2.100 кревети и со секој вид опрема. Овие болници ќе ги завршиме во рок од 3 недели и ќе ги ставиме во услуга.“

Ердоган истакна дека епидемијата на коронавирусот веќе е излезена од тоа што е само здравствена криза и е трансформирана во единствен глобален испит со политички, економски и социјални димензии.

„Оваа епидемија не потсети дека и покрај тоа што напиот јазик и нашата религија се различни, нашата судбина е заедничка. Ние како Турција со овој начин на размислување досега им обезбедивме материјална поддршка на 57 земји. Продолжуваме да сме доверлив партнер и во обезбедувањето на критични здравствени материјали од коишто се има потреба во овој процес од маски до апарати за дишење. Заедно со нашите можности ги споделуваме со нашите пријатели и искуствата со коишто располага нашата земја во борбата против вирусот.“ - рече Ердоган.

Појаснувајќи дека како најефикасно средство за елиминирање на вирусот се гледа вакцината, претседателот Ердоган своето обраќање преку видео снимката прикажана на глобалниот Самит за одговор на Ковид-19 чиј домаќин беше ЕУ го продолжи со зборовите: „Освен тоа што ги реализираме нашите национални активности, ги поддржуваме и глобалните мерки во правец на дијагностицирањето, лекувањето и развивањето на вакцина. Во декларацијата на Г-20 што ја усвоивме на 26 март ветивме дека ќе обезбедиме финансиски извори за брзо развивање на вакцина. Затоа сметаме дека наша задача е да станеме и дел од денешната манифестација за посветеност 'Глобален одговор против коронавирусот'. Да не се дозволат непотребните повторувања и бирократијата во студиите ќе обезбеди да дојдеме полесно до целта. Вакцината против Ковид-19 треба да биде заедничка сопственост на целото човештво. Од тој аспект, е крајно значајно да се загарантира глобалниот пристап до вакцината којашто ќе се произведе и со претпазливост да се применува принципот 'никој да не биде изоставен'. При определување на нашиот финансиски придонес за напорите за развивање на вакцина, ќе ги земеме во предвид сиве овие прашања. Износот пак, којшто ќе го утврдиме по направените проценки ќе го соопштиме до 23 мај.“

Претседателот Ердоган на крајот на своето обраќање посака состанокот да ја постигне својата цел и да стане повод за добри работи за целиот свет, а воедно им се заблагодари на сите институции, организации и учесници кои имаат заслуга во реализацијата на овој значаен собир. 

Во видео пораката која беше објавена со титлуван превод на англиски јазик воедно им беше одделено место и на снимки на новоотворените градски болници и епидемските болници чија изградба продолжува.“ 



Слични вести