Турските безбедносни сили во првите 4 месеци од годината и нанесоа тежок удар на терористичката организација ДЕАШ

Во реализираните операции од страна на турските безбедносни сили во периодот јануари-април се приведени 354 сомнителни лица меѓу кои се наоѓаат и високо рангирани, таканаречени одговорни лица од водечкиот кадар на терористичката организација ДЕАШ

1410359
Турските безбедносни сили во првите 4 месеци од годината и нанесоа тежок удар на терористичката организација ДЕАШ

Во реализирани операции од страна на турските безбедносни сили против терористичката организација ДЕАШ во првите 4 месеци од оваа година се фатени 354 сомнителни лица меѓу кои се наоѓаат и високо рангирани, таканаречени одговорни лица од водечкиот кадар организацијата.

Турција која го прочу своето име по успешните операции коишто ги реализира против ДЕАШ, презентирајќи пример на мултилатерална борба против терористичката организација не и дозволува на оваа организација ниту да здивне. 

Турските безбедносни сили со успешните операции коишто ги реализираат непрестано продолжуваат да им ја расипуваат играта на терористите кои планираат крвави акции во голем број градови на Турција, а пред се во Истанбул и Анкара.

Во тие рамки, во реализираните операции од страна на полицијата, жандармеријата и пограничните единици во периодот јануари-април (за 4 месеци) се приведени 354 сомнителни лица меѓу кои се наоѓаат и високо рангирани, таканаречени одговорни лица од водечкиот кадар на терористичката организација ДЕАШ.

Од овие 354 приведени сомнителни лица се уапсени 76 мина, некои од нив се депортирани, а за некои се води истрага од страна на судските органи.

На голем број членови на терористичката организација ДЕАШ им е израчена затворска казна во судските постапки на коишто им се судеше.



Слични вести