Состанок на претседателскиот кабинет на чело со претседателот Ердоган за Патната карта за враќање на животот во нормала

Најзначајна точка на дневниот ред на состанокот преку видеоконференција на кој претседателот Ердоган учествува од дворецот Хубер во Тарабја во Истанбул, ќе биде Патната карта на планот за нормализирање

1410215
Состанок на претседателскиот кабинет на чело со претседателот Ердоган за Патната карта за враќање на животот во нормала

Денеска се одржува состанок на претседателскиот кабинет под претседателство на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган.

Најзначајна точка на дневниот ред на состанокот преку видеоконференција на кој претседателот Ердоган учествува од дворецот Хубер во Тарабја во Истанбул, е Патната карта на планот за нормализирање.

Планот од 4 фази се состои од постепено олабавување на мерките без притоа да се доведе во ризик јавното здравје.

Според планот, овој месец се планира како подготвителна фаза.

Со празникот Рамазан Бајрам пак, ќе се премине кон втората фаза на планот.

Ќе бидат фрлени чекори во одредени сфери на чело со образованието, превозот и туризмот.

Образованието во училиштата ќе започне постепено на 1 јуни.

Во овој период се очекува да се отвори за сообраќај меѓуградскиот превоз и да  бидат отворени туристичките постројки за домашниот туризам.

Доколку не дојде до одреден застој во втората фаза, се планира да се премине кон третата фаза.

Во овој период кој ќе започне во септември ќе продолжат чекорите во образованието.

Во тие рамки ќе добијат во интензитет и работите за пронаоѓање на вакцината против коронавирусот. 

Од почетокот на идната година пак, ќе биде ставен во примена четвратата и последна фаза на Патната карта на планот.

Во овој период, откако целосно ќе заврши епидемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19) животот повторно ќе се врати во нормала.



Слични вести