Ердоган: „Експоненцијално расте бројот на оздравените пациенти“

По едноипол месечните рестриктивни мерки во борбата против епидемијата, ќе се премине кон етапно нормализирање на секојдневниот живот

1410684
Ердоган: „Експоненцијално расте бројот на оздравените пациенти“

Претседателот Реџеп Тајип Ердоган рече дека Турција заедно со светот се наоѓа на прагот на една значајна пресвртница наспроти епидемијата на новиот тип на коронаворусот (Ковид-19).

„Експоненцијално расте бројот на оздравените пaциенти. Бројот на новите заразени се изразува во илјадници.“

По состанокот на претседателскиот кабинет што го одржа со посредство на видео конференција, претседателот Ердоган објави значајни имформации.

„По едноипол месечните рестриктивни мерки во борбата против епидемијата, ќе се премине кон етапно нормализирањето на секојдневниот живот.

Ќе се вратиме кон нормалниот живот но ова ќе биде една нова нормала. Иако ќе се намалат ограничувањата, истите ќе продолжат во одредена мера.

Процесот на нормализирање планираме да го распространиме на период од три месеци, Во тие рамки, на возрасните над 65 годишна возраст ќе им се даде одобрение да излезат надвор за викендот, додека на младите под 20 годишна возраст на 13 мај ќе можат да излезат надвор на период од 4 саати.

Идната недела со активностите ќе можат да започнат трговските фирми и претпријатија како и услужниот сектор, додека отпуштањето на војниците кои го отслужиле воениот рок ќе започне кон крајот на месецот.“

Претседателот Ердоган ги објави и датумите на приемните испити на образовните установи, потенцирајќи дека согласно развојот на случувањата, постои можност за промена на истите.

„Ако достојно не се почитуваат правилата, можеме да преземеме и поригорозни мери“ подвлече претседателот Ердоган.



Слични вести