Демант од МНР на Турција: Не станува збор за вознемирување на хеликоптерот со грчкиот министер за одбрана

Портпаролот на министерството за надворешни работи Хами Аксој го демантира тврдењето околу тоа дека хеликоптерот во кој се наоѓал грчкиот министер за одбрана Никос Панагиотопулос, бил вознемирен од страна на турските воени авиони над Егејското Море

1410504
Демант од МНР на Турција: Не станува збор за вознемирување на хеликоптерот со грчкиот министер за одбрана

Турција го демантира тврдењето околу тоа дека хеликоптерот во кој се наоѓал грчкиот министер за одбрана Никос Панагиотопулос, бил вознемирен од страна на турските воени авиони над Егејското Море.

Портпаролот на министерството за надворешни работи Хами Аксој одговори писмено на едно поставено прашање до министерството во врска со ова тврдење.

Велејќи дека турските воени авиони во рамките на своите рутински активности над Егејското Море реализирале задача за идентификација, Аксој го истакна следното: „Не станува збор за вознемирување на хеликоптерот во кој се наоѓал почитуваниот грчки министер за одбрана. Никако не е во корист на оваа земја со драматизирање на рутинските летови да се настојува да се ескалира тензијата. Наместо тоа, овие прашања треба да се разгледат во склопот на мерките за градење на довербата коишто се започнати помеѓу Министерствата за одбрана на двете земји.“



Слични вести